Преспанскиот договор во членот 7 напишал дека „името Македонија, значи територија, второ народ со сопствена историја, култура и јазик“ и за што преговараме ние со Бугарија во тие комисиите – за историја, за култура и за јазик, посочи Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Значи, Преспанскиот договор, прашањата идентитетски, за историја, култура, јазик и народ ги ставил ад акта. Решени се и не може повеќе да разговараме, оти таму не пишува грчко-македонска, таму не пишува бугарско-македонска историја, туку вели „народ со сопствена историја, култура и јазик“, нагласи Сиљановска Давкова.