Вести Македонија Топ вести

Каде завршија дел од парите од луксузниот апартман на Тито – МВР му пиша пријава на Фрчковски, тој вели комична пријава од незнаење и за притисок

Луксузниот пентхаус во сопственост на Југославија и користен во време на Тито беше продаден за 50 милиони долари, а Македонија доби дел во рамки на процесот на сукцесија на поранешната држава. МВР тврди дека Фрчковски како амбасадор во Светската Организација во Њујорк не ги уплатил сите пари, речиси 4 милиони долари (3.998.721,72$) кои ги добила Македонија туку 58 илјади долари помалку.

-Преостанатите парични средства на сметката на Постојаната Мисија на РСМ во Њујорк во износ од 58.721,72 американски долари од продажбата на сукцесискиот имот не ги уплатил на сметка на буџетот на Република Северна Македонија.  Овие средства, незаконски и ненаменски ги потрошил и постапил спротивно на два правилници и една интерна процедура на МНР, соопшти МВР. 

Незнаење во МНР и притисок кон критичари, реагираше екс амбасадорот Љубомир Фршковски. Поранешниот амбасадор тврди дека по американските закони, дел од парите до конечното префрлање морале да останат на сметка во САД додека се наплати данокот.

-Кога данокот (по една година дена) е наплатен од купувачот тие средства се ослободени за сите републики и тие ги вратиле во своите буџети. Така направила и Македонија. Но, МНР бидејќи нема поим за тоа, го обвинува Амбасадорот – не постапил по инструкциите на МНР и Финансии да ги врати сите пари веднаш?! Тој и да сакал не можел. Но, тоа е тоа, со законски непознавања останува само лоша намера за притисок по секоја цена, реагираше Фрчковски преку писмен допис

Во соопштението на МВР за пријавата се наведува дека амбасадорот незаконски и ненаменски користел дополнителни 58 илјади долари, буџетски средства, за земени аванси за службен пат, вратил помал депозит за резиденцијата на амбасадорот, ги пречекорувал или ги плаќал двојно телефонските сметки, трошел повеќе на репрезентација и платил поправка за службено возило.

Фрчковски пак враќа дека сите трошоци се исплатени согласно Законот за надворешни работи и подзаконските акти, повторува дека ги вратил парите за вионска карта кога се врати во Македонија по смртта на неговиот брат и вели дека „МНР сепак одлучило да изврши притисок со  комична и полна неточности, кривична пријава за целата екипа на Амбасадата во Њујорк, со цел ширење страв и замолчување“.

Покрај Фрчковски, за злоупотреба на околу 116 илјади долари осомничени се и тројца службеници во мисијата во Њујорк.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе