Вести Македонија Топ вести

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Од вкупно 34 општини со седиште во град, ниту една не го исполнува законскиот стандард за озеленетост од 25 метри квадратни по жител, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Само осум општини имаат важечки Генерален урбанистички план (ГУП), додека повеќето работат со застарени или непостоечки планови.

Ревизорите посочуваат и дека 18 општини немаат донесено годишни програми за одржување на зеленилото, а 59% не инвестирале во нови зелени површини во периодот 2020–2024. Причините за ваквата состојба, според извештајот, се масовната урбанизација, нефункционална координација меѓу институциите, финансирање на урбанистички планови од приватни субјекти и недоволна инспекциска контрола.

Ревизорите предупредуваат дека ваквата состојба го загрозува урбаното живеење, ја намалува квалитетната животна средина и создава нерамноправен пристап до јавни зелени површини за граѓаните. Заводот за ревизија препорачува итни мерки, координација и засилен надзор за да се подобри квалитетот на живот во градовите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Св. Петка без струја- ЕВН тврди приклучоци доведоа до пад на мрежата, граѓаните се правдаат не се виновни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе