Министерството за внатрешни работи (МВР) предупредува на зачестени фишинг напади преку електронска пошта, во кои се злоупотребуваат имиња на македонски компании. Во пораките лажно се наведува дека примателот сторил повреда на авторски права, а содржат линкови кои водат до измамнички страници.
Од МВР апелираат до граѓаните да не отвораат вакви линкови, да не споделуваат лични податоци и веднаш да ги избришат пораките. Случаите да се пријават во најблиската полициска станица. Предупредуваат дека вакви измами може да доаѓаат и преку социјални мрежи, СМС пораки или телефонски повици.