Вести Македонија Топ вести

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дигитализација, борба против корупција и јасна стратегија за пазарната економија е императив за развој на државата, посилна економија и подобар стандард. Ова се ставовите на дел од учесниците на самитот организиран од „Македонија 2025“ чиј фокус е економскиот раст во државата.

Извршниот директор на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска Блажески во воведното обраќање истакна дека корупцијата е најголем проблем во државата како и отсуството на стратегија за тоа каква пазарна економија сакаме, но и дека бизнисмените се перцепираат како профитери а не како креатори на работни места. Смета дека инфраструктрата е клучна за развој на економијата и генерирање на средства со кои потоа ќе може да се враќа долгот на државата.

„Она што е најважно е дека постојат разговори меѓу владата и приватниот сектор за приоритетите на приватниот сектор. Знаете дека многу компании особени од специфични индустрии се соочуваат со предизвиците на инфраструктурата бидејќи не можат брзо лесно и евтино да ги извезуваат своите производи. Мислам дека она што оптимална инфраструктура ќе им овозможи на бизнисите повеќе да извезуваат и да бидат поконкурентни меѓународно. Ако се следат нивните барања ефектите ќе бидат големи и позитивни и ќе имаме пари да го вратиме долгот“ Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор „Македонија 2025“.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека паневропските коридори 8, 10 и 11 се голема предност за Македонија и мора да ја искористиме за развој на инфраструктурата и оцени дека има прогрес и потенцијал но другите држави побрзо напредуваат.

ИТ секторот мора да се развива бидејќи е стратешки ресурс како што некогаш беше енергијата и мора да се направи стратегија младите таленти да се задржат а приватниот јавниот сектор да се дигитализираат за полесна размена на податоци.

„Во моментов имаме огромен број на таленти кои работат во аутсорс индустријата. Ние всушност нашите таленти ги позајмуваме на нашиот конкурентни економии за тие да напредуваат побрзо од нас. Треба да се завртиме кон тој талент плус кој го имаме дома, да го ангажираме, да го употребиме во насока на зголемување на конкурентноста на државата. Тоа може да го направиме со иновативни политики и место да станеме економија зависна од увоз на технологии да станеме економија која ќе биде извозно ориентирана кон технологиите“ вели Васко Кроневски од „Некст Сенс“.

Дигитализација која беше тренд сега е темел за конкурентноста на државата и мора да има поширока примена на вештачката интелигенција.

„Вештачката интелигенција станува суштински дел од сите индустрии, дури и во традиционалните индустрии како производство и енергетика. Веќе гледаме дека вештачката интелигенција многу навлегува. Нормално и за стартапите и сите други компании и таму е се повеќе присутна. Ја користат за работи како секојдневни процеси, иновација и подобрување на квалитетот за корисниците. Дигитализацијата на јавните услуги не само што може да ја зголеми ефикасноста туку може да го подобри квалитетот на услуги за корисниците и е една од главните алатки за борба против корупцијата“ изјави Кати Ицева, „Мајкрософт“.

Организацијата „Македонија 2025“ е формирана пред 18 години а на самитот во Скопје се присутни над 500 гости, претставници на бизнис секторот од државата и странство, сегашни и поранешни функционери.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе