Вести Свет

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.

Во денешна објава на Фејсбук, тој нагласи дека пратениците треба да ги исполнат обврските не само кон еврозоната, туку и кон демократијата и бугарскиот народ. Радев го критикуваше отфрлањето на неговиот предлог за референдум со прашањето: „Дали сте согласни еврото да се воведе од 1 јануари 2026 година?“, наместо да се усвои парламентарна декларација за датумот.

Во петокот, Радев најави дека ќе поднесе предлог за национален референдум, што наиде на остра реакција од ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ и ДПС-Ново начало, но беше поддржано од партиите „Преродба“, „Величина“, ИТН и МЕЧ. Вчера, тој појасни дека не е против еврото, туку против предложениот датум, со цел граѓаните да бидат подобро подготвени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници

Дејан Дејан

Ниски плати и неправедна судска пракса – независниот полициски синдикат на протест

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе