Вести Македонија

Игра, смеа и разбирање – настан за поддршка на децата со атипичен развој

Креативни работилници, музика, уметност, игри и насмевки, вака денес изгледаше програмата во Градскиот парк за поддршка на децата со атипичен развој. Инклузивниот настан е организиран од граѓанското здружение Аутизам ААМК, кои велат дека собирот има за цел да го поттикне прифаќањето и да покаже дека децата со атипичен развој се соочуваат со секојдневни предизвици, но и со огромна желба да бидат дел од заедницата.

„Колку и да сакам да кажам дека е добро или дека има подобрување, сепак има уште многу недостатоци за кои најдобро знаат родителите на децата бидејќи тие се директно засегнати. Ние како здружение преку вакви настани даваме придонес каде што сакаме да покажеме и докажеме дека сите деца имаат право на нормален живот. Каде секој еден од нив е поканет на роденден, прифатен и вклучен онаков каков што е“, изјави Денис Јанкуловски од граѓанското здружение Аутизам ААМК.

Родителите на децата со аутизам упатија критики до институциите, изразувајќи разочараност од начинот на кој системот ги третира нивните деца. Тие велат дека државата ги признава како деца само до 26 години, додека по таа возраст престануваат да добиваат посебен додаток. Дополнителен проблем, велат, претставува фактот што секоја година се принудени да земаат слободни денови од работа за да ги носат децата на лекарски прегледи, потребни за потврди за ослободување од партиципација и други административни потреби.

„Голем институционален проблем имаме ние родителите кои мораме на секоја година до две да одиме на преглед и да вадиме потврди, а со тоа губиме денови или часови од работно време“, кажа родител на дете со аутизам.

На денешната манифестација беше испратена порака дека децата со атипичен развој не се помалку вредни туку тие се различни. Нивната уникатност нè потсетува дека општеството станува побогато кога прифаќа, разбира и создава простор за сите. Да не ги гледаме преку призмата на разликите, туку преку нивната сила, љубов и искрена детска радост.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Среде пладне кавадарчанец се напил и стигнал до 2,52 промили- полицијата го фатила кога излетал од патот

Дејан Дејан

Украински војници со порака: Нема преговори додека Русија не се повлече

Дејан Дејан

Српските студенти пристигнуваат во Брисел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе