Вести Свет Топ вести

Разговорите за мир меѓу Украина и Русија во „критична фаза“

Разговорите за постигнување мир меѓу Украина и Русија влегоа во „критичната недела“ во која САД ќе донесат одлука дали да продолжат со напорите и дали и понатаму ќе бидат вклучени во процесот. Американскиот државниот секретар Марко Рубио рече дека претседателот Доналд Трамп не вовел нови казни за Русија бидејќи сè уште се надева дека крај на војната може да се стави по пат на дипломатија.

По враќањето од Ватикан каде имаше краток состанок со Зеленски,  Трамп рече дека верува дека Зеленски е подготвен да ѝ го предаде Крим на Русија како дел од мировниот договор – и покрај претходните отфрлања на таквиот предлог од страна на Киев.

  • „Дали Зеленски е подготвен да се откаже од Крим?“, прашаа новинарите.
  • „О, мислам дека е. Погледнете, Крим беше пред 12 години. Тоа беше претседателот Обама кој се откажа без да биде испукан ниту еден куршум. Затоа, не зборувајте со мене за Крим, зборувајте со Обама и Бајден за Крим,“ одговори Трамп.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, вели дека Украина не треба да се согласи на најновиот предлог на Трамп за отстапување територии бидејќи тоа би било „капитулација“.

Трамп верува дека Украина и Русија може да потпишат мировен договор.

  • „Па, сакам да престанат да пукаат и да седнат и да потпишат договор. И ние имаме ограничувања на договорот, верувам, и сакам да го потпишат и да завршат со него и едноставно да се вратат во живот,“ одговори Трамп.

Сепак ставот на Зеленски е дека Русија ги „мами“ САД велејќи дека сака да ја заврши војната. Според него Русија одговорила со повеќе напади врз цивилната инфраструктура како реакција на подготвеноста на Украина за „безусловен мир“.

Шефот на руската дипломатија во интервју за Си Би Ес истакна дека руската политика се темели на националните интереси и доколку интересите на две или повеќе земји се совпаѓаат, би било глупаво да се пропушти можноста за заемно корисни проекти. Сепак, тој истакна дека Русија е подготвена за договор, но се уште има разлики кои треба да се надминат.

  • Па, претседателот на Соединетите Американски Држави верува, и мислам со право, дека се движиме во вистинската насока. Во изјавата на претседателот се споменува договор и ние сме подготвени да постигнеме договор, но сè уште има некои специфични точки – елементи од овој договор кои треба да се дотераат, рече Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Северна Кореја денеска за прв пат потврди дека испратила војници во Русија за да ја поддржи нејзината војна против Украина. Целта била да ѝ се помогне на Русија да го врати својот Курски регион, кој украинските сили го зазедоа во ненадеен напад минатата година.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе