Вести Свет Топ вести

Најмалку 24 загинати и 84 повредени, меѓу нив и деца во руски напад врз Суми

Во денешниот руски напад со балистички проектили врз градот Суми во североисточна Украина, загинаа најмалку 24 лица, а над 84 се повредени, меѓу кои седум деца.

Како што потврдија украинските власти, во нападот бил погоден тролејбус, а нападот бил извршен со балистичка ракета „Искандер-М“.

Деловите од Суми погодени во нападот утринава се во близина на три театри, универзитетска болничка клиника, конференциски центар, теретана и концертна сала.

Нема воени цели во погодената област во рамките на познатата зона на прецизност на ракетата Искандер-М, која се проценува на 30-70 метри, што, според украински медиуми, укажува на тоа дека станува збор за намерен напад на цивили.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Дејан Дејан

Му отишол дома и се заканувал – обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар

Дејан Дејан

НСДП на локалните избори во коалицијата предводена од СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе