Вести Македонија Топ вести

Пациентката која починала вчера имала акутна леукемија -Таравари тврди дека нема лекарска грешка

Опозициската СДСМ бара одговорност за пациентката која почина а не била примена на интезивна нега, министерот за здравство тврди,  – нема лекарска грешка.  Таравари ги отфрли обвинувањата дека 47- годишната жена починала бидејќи не била примена во Инфективната клиника каде што се реновира ургентниот дел.

Ниту директорот на Инфективната клиника доктор Фадил Цана не гледа пропусти во лекувањето, а од стручниот и лекарски колегиум на клиниката тврдат дека таа била соодветно третирана за ковид инфекцијата.

„Се работи за тешка пациентка со неконтролирано основно заболување во терминална фаза кога е потребно интензивно лекување од страна на хематолог што е компетентен за лекување на вака тешки пациенти во Клиниката за хематологија, лекување што не може да се спроведе на Инфективна клиника. Потенцираме дека секојдневно беше консултиран инфектолог за терапија и следење на ковид инфекцијата, а третманот на основното заболување го спроведувале специјалисти хематолози. Сметаме дека неможноста за контрола на основното заболување во терминална фаза е причина за леталниот исход кај оваа пациентка. Кај вакви имуносупримирани пациенти која било инфекција може да доведе до влошување на основната болест со неможност за контрола на истата“, велат од Инфективна клиника.

На ист став и од клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

„Според информациите од дежурните лекари и стручниот колегиум во случајот со пациентката со малигно хематолошко заболување третманот е спроведен според сите протоколи. Став на стручниот колегиум е дека пациентката ја има добиено неопходната здравствена услуга во консултација со дежурните анестезиолози“, велат од КАРИЛ.

И покрај ваквите тврдења на клиниките, опозициската СДСМ тврди дека пациентка не била примена на интензивна нега ниту на Инфективната клиника ниту на Карил, а побараа и истрага и одговорност.

Од партијата тврдат и дека имаат точен увид во целиот случај и тоа ќе го изнесат во јавноста доколку Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат се обидат да ја забошотат ситуацијата. Пациентката починала на клиниката за Хематологија.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетранспарентност во процесот на преговарање – реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупција за договорот меѓу Македонија и В. Британија

Дејан Дејан

Обвинителство бара притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Дејан Дејан

Сојузот на стопански комори на Македонија доби прекршочна санкција од КЗК за давање на лажни и нецелосни податоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе