Вести Македонија

Фрлена експлозивна направа во магацин во Визбегово

Рано утрово околу 1:15 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на излезот од Шуто Оризари кон село Визбегово, скопско, била фрлена експлозивна направа во склад за градежни материјали, сопственост на И.Т., 45-годишник од селото при што била оштетена влезната врата од објектот и дел од инвентарот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР – Скопје.

Посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тренчевска: Јасна и очигледна е нетрпеливоста во „Вреди“, особено меѓу Меџити и Таравари

Дејан Дејан

Пашоли: Таравари ни рече дека „Вреди“ не вреди толку

Дејан Дејан

Стаменкоска Трајкоска: Прекрасна е иднината на парламентарното мнозинство, во секој момент има 75 и повеќе пратеници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе