Земјоделците пред стартот на жетвата очекуваат подбри приноси и по кавалитет и квантите на житните култури, но од Националната мрежа на земјоделци се децидни дека мора да се утврди производната цена на пченица, бидејќи моменталните откупни цени на јачемнот и пченицата се минимални и не ги оправдуват ниту производствените трошоци.
Каракашев вели во моментов откупната цена на лебното зрно се движат од 8 до 10 денари за килограм и оваа цена и не ги покрива ниту основните производни трошоци, а земјоделците работат со загуба. Лани производната цена на пченицата изнесувала 19 денари за килограм. Според Каракашев токму тоа е и причина за годинава да има помалку површини под житни култури,а тоа најмногу може да се забележи во штипскиот и Овчеполски регион. Недостатокот од житни култури станува глобален проблем.На светските берзи пченицата го достигна својот максимум и деновиве се продаваше по цена од 27 денари.
Македонските земјоделци годишно во просек произведуваат околу 250.000 тони пченица, кои не ги покриваат основните потреби на населението,па затоа имаме и увоз на пченица.
Викторија Димитрова Јованова