Западен Балкан може да постигне енергетска независност од Русија и поблиско усогласување со Европската унија „за да го забрза пристапот“.
Ова го изјави претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен на безбедносниот форум Глобсек, каде изрази подготвеност да се даде поддршка за Западен Балкан со зголемено претпристапно финансирање. Фон дер Лајен рече дека на регионот му се очајно потребни инвестиции, додавајќи дека тие ќе ги подобрат животите на луѓето и „ќе го изедначат нивниот пат кон унијата.