Вести Свет Топ вести

Парижаните утре на референдум за исфрлање од употреба на електричните скутери и тротинети

И додека Бугарите утре по кој знае кој пат изминативе 3 години ќе се обидат да изберат стабилна влада, граѓаните на француската престолнина ќе гласаат на референдум за исфрлање од употреба на електричните скутери и тротинети. Пет годишниот проект на париските локални власти, за евтино изнајмување преку телефонска апликација, ги подели жителите на „Градот на светлината“, но од друга страна стана и уште една од многуте туристички атракции на еден од најубавите градови во Европа и светот.

Малку е страшно, треба да внимавате. Луѓето овде се малку груби, брзи, мора да внимавате. Навистина е супер, брзината, адреналинот. Морате да пробате, велат Шре Пушпакаран и Лер Детели, посетители од Берн, Швајцарија.

Но, дел од граѓаните на Париз обвинуваат дека брзите скутери и тротинети се причина за голем број на несреќи, и му попречуваат на сообраќајот и пешаците на тесните париски улички.

Скутерите, како што можете да видите го зголемуваат бројот на несреќи. Потоа, на глобално ниво, можеме да видиме дека во една третина од несреќите поврзани со скутери некој завршува во болница. Овие несреќи не се фатални, но сепак се сериозни. Покрај тоа, создаваат чувство на небезбедност на јавните површини, особено кај најранливите категории. Мислам особено на постарите и на луѓето со хендикепи, вели заменик градоначалникот на Париз, Девид Белиард.

Но, тие што ги користат, од кои најголем дел се локални жители, кои не можат да си дозволат самите да си купат, или сакаат да избегаат од париското метро или јавниот превоз, тврдат дека стапката на несреќи не е поголема во споредба со другите превозни средства.

Ова е лесен, еколошки начин за движење, и очигледно е дека нема повеќе несреќи во споредба со велосипедите, или другите индивидуални средства за транспорт, тврди студентот Жан Себастијан.

За прекинување на проектот е и градоначалничката Ен Идалго, која изјави дека се надева парижаните ќе гласаат против нивната употреба на референдумот, накој пак право на глас имаат сите жители регистрирани на градот, меѓу кои и тие кои и државјани на остантите земји од ЕУ.

Од друга страна, трите оператори кои ги изнајнуваат скутерите и тротинетите, „Дот“, „Лиме“ и „Тиер“, својата кампања ја фокусираа на помладите, водејќи се од статистиката дека 71 процент од корисниците се помлади од 35 години. Со помош на инфлуенсери, за кои платиле и надоместок, како и преку лични пораки на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Снепчет и ТикТок, тие се обидоа да ја мобилизираат својата таргет група да излезе и гласа за продолување на проектот.

Тие кои најмногу ќе бидат погодени од забраната на скутерите ќе бидат корисниците, 400.000 луѓе кои секојдневно ги користат во Париз. Тоа се парижани, 85 проценти всушност се локални жители. Исто така и луѓе кои живеат во близина на Париз, вели Гаранс Лефавре, директорка за односи со јавност во Франција и Бенелукс на компанијата „Лиме“.

Дел од жителите на француската престолнина критикуваат дека нивната употреба создава лош впечаток за градот и му попречуваат на сообраќајот, додека пак градоначалничката Идалго сака да го затвори ова прашање, по можност со нивна забрана пред одржувањето на летните олимписки игри во Париз идната година.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе