Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги почна интервјуата со дел од кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување корупција.
Постапката продолжува по завршувањето на локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на ДКСК по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“.
10 кандидати ги исполнуваат законските услови условите кои се поставени од страна на Комисија за селекција на кандидатите формирана на 13 август.
Во Вестите на Телма во 12:30 со детален извештај од Собранието се јави Миомир Серафиновиќ.
Б.С.
