Вести Најважни Свет

Советот за безбедност на ОН го одобри американскиот план за Газа, Хамас го одбива

Советот за безбедност на ОН го одобри американскиот план за Газа, кој овластува меѓународни стабилизациски сили да обезбедат безбедност на опустошената територија и предвидува можен иден пат кон независна Палестинска држава. Русија, се воздржа заедно со Кина од гласањето. САД и другите земји претходно, се надеваа дека Москва нема да го искористи своето право на вето врз најмоќното тело на обединетите нации за да го блокира усвојувањето на резолуцијата.

-Оваа резолуција денес е само почеток. Усвојувањето на резолуцијата денес ја покажува огромната поддршка за визијата на претседателот за стабилна Газа каде што Палестинците сами ќе ја одредат својата судбина, ослободена од терористичко владеење и насилство. И под храброто водство на претседателот Трамп, Соединетите Американски Држави ќе продолжат да даваат резултати. Ќе ја искористиме денешната можност да ставиме крај на децениите крвопролевање и да го направиме трајниот мир реалност и ќе работиме неуморно, неуморно со нашите партнерикако што правевме во последните неколку месеци за да ја унапредиме оваа визија за постабилен и просперитетен Блиски Исток. Ви благодарам, господине претседателе, кажа Мајк Валц, амбасадор на САД во ОН.

Палестинската милитантна група Хамас ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се поддржува мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека таа не ги исполнува политичките и хуманитарните барања на Палестинците.

-Резолуцијата наметнува механизам за меѓународно старателство врз Појасот Газа, што нашиот народ и неговите фракции го отфрлаат, објави групата на Телеграм.

Американскиот претседател пак Доналд Трамп го поздрави одобрувањето на резолуцијата подготвена од САД во Советот за безбедност на ОН, оценувајќи го како историски пробив.

-Ова ќе влезе во историјата како едно од најголемите одобрувања во Историјата на Обединетите нации, ќе доведе до понатамошен мир низ целиот свет и е момент од вистински историски размери, напиша Трамп на Трут Соушл.

К.К.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот на СДСМ за посебна Анкетна комисија за трагедијата во „Пулс“

Дејан Дејан

(видео)Страв или ниска свест – во Комисијата за спречување на дискриминација нема поднесоци за секуално вознемирување врз децата

Дејан Дејан

(живо)Почна интервјуирањето на кандидатите за претседател на ДКСК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе