Ова или друго решение ги седнува на маса кафеанџиите и градската власт, откако на сила стапи мерката предлог на новиот градоначалник. Додека се бара решение за поголемите одлагачи на смет, граѓаните добиваат укор да се придружуваат до мерката, во спротивно казни од 50 евра.
Одлуката за забрана да се фрла ѓубре во вечерните часови ќе ги седне на маса угостителите и надлежните. Во текот на утрешниот ден ќе бараат решение со директорот на ЈП „Комунална хигиена“ за тоа како да се реши проблемот со одлагање на отпадот за кои претходно беа обвинети дека токму тие во вечерните часови создаваат депонии и ги полнат контејнерите наменети за домаќинствата.
„Во најава е дека ќе имаме посебни контејнери за нас, само за угостителите со катанче, кои што ќе ги имаме ние на одредени позиции блиску до нашите објекти. На пример во Дебар маало ќе можат три четири помали ресторани да делат на пример еден голем контејнер. Ресторани што работат со ивенти ќе имаат нормално посебни контејнери. Имаме малку поголем трошок во поглед на плаќањето на таа комунална такса што ја плаќаме спрема ЈП Комунална хигиена, со цел нели трајно да го решиме овој проблем што не засега сите“, вели Перица Голомеиќ од Комора на угостители при ССК.
Угостителите уверуваат дека оваа одлука ќе ја почитуваат максимално, но велат дека немаат технички услови и ќе мораат отпадот за време на забраната да го чувааат кај нив до наредното утро, па по 6 часот да го одложат.
„Ние чекаме да ни се дадат услови, штом ќе ни се дадат тие услови а се очекува да бидат наскоро, ние тоа ќе го почитуваме и дали тоа ќе биде Комунална хигиена, дали тоа ќе биде ново претпријатие или нов субјект кој што нас ќе ни го собира наменски отпадот и ние за тоа ќе плаќаме одредена тарифа а таа тарифа дали ќе биде повисока од сега, колку ќе биде повисока од сега се уште сме и ние како сектор во прашалници затоа што се уште немаме точни информација како ќе биде“, додава Голомеиќ.
Од ЈП Комунална хигиена, пак, велат дека е потребно секој угостителски објект да потпише договор според кој својот отпад ќе го одлага во посебен сад, а не во контејнерите поставени на јавните површини кои се наменети само за домаќинствата од становите.
„Динамиката на празнењето на овие садови ќе се утврди во договорот, односно согласно потребите на угостителските објекти“, истакнуваат од ЈП „Комунална хигиена“.
Од вчера комуналните градски и општински инспектори заедно со еко патролите на ЈП „Комунална хигиена“ излегоа на терен да ги следат граѓаните и правните субјекти дали ја почитуваат новата одлука со која се забранува одлагање на отпад во вечерните часови или од 22 часот до 6 часот изутрина.
Симона Петровска
Б.С.
