Вести Емисии Код Македонија

КОД: ПУЛС-Исповед на родителите на загинатите, детали од обвинението, интервју со државниот обвинител Љупчо Коцевски

1.Живееме само за да дојдеме да им оддадеме почит на гробишта, велат во исповед за КОД, дел од родителите на загинатите младинци во кабарето Пулс. Водат борба со системот за да не се повторат трагедии и да не настрадаат и други, нечии деца.Пред почетокот на судењето очекуваат правда иако се скептични кон македонското судство и го повикуваат да се одважи и за Пулс да суди правилно, да ги казни виновниците.

Родителите на загинатите велат дека цело време и во јавноста и во истрагата се зборува дека младите жртви биле во кабаре иако најголем дел од нив биле на концерт, кој можел да биде на друго место или во спортска сала што според нив значи дека – организацијата на настанот потфрлила и довела до невидена трагедија.

Кочани живее и преживува, 8 месеци по трагедијата. Нема човек кого сретнавме кој немал некој близок или познаник што настрада во пожарот на концертот на групата на ДНК. Треба луѓето да им дадат повеќе поддршка и да имаат поголема емпатија за роднините на жртвите на Пулс, кабаре кое се уште е место на злосторство под полициско обезбедување и заштита. Во Кочани беше Миомир Серафиновиќ.

2.Многу пропусти а малку реакции-речиси никакви. Кобната дискотека Пулс постоела повеќе од деценија но како што контатиравме веднаш по пожарот таму се било погрешно. Според екиспертите ако се било како што треба, соодветен објект, излези, против пожарна заштита или матерјално технички услови тогаш во рок од две минути младите би излегле од запалениот објект. Но за жал 63 главно млади, го загубија животот.

Објектот немал ниту систем за одвод на чад и топлина а имал лесно запаливи марјали од кои е направен имало рефлективна облога од која се рефлектирала топлината на внатре.

КОД открива и дека првата лиценца за ПУЛС не е дадена за адресата на која е дискотеката туку и барањето и лиценцата се дадени за Класик, правното лице, но и кафулето со исто име кое се наоѓа на улица Димитар Влахов. Иако Министерството за економија два пати барало од пазарниот инспекторат да ги провери усколите за работа пред министерот да стави параф на лиценцата , во вториот наврат пазарната инспекторка потпишала дека условите се исполнети.

Никогаш градежен инспектор од општината. од 2012 до 2025 година не го посетил објектот. Ова се само дел од деталите до кои дојде Марија митевска во најновите истражувања на КОД: Дел од нив КОД ги имаше и непосредно по избувнувањето на пожарот.

3.Судењето за пожарот во ПУЛС кое ќе започне на 19 ти овој месец е едно од најобемните до сега. Има 35 физички и три обвинети правни лица. Ќе работат 15 обвинители.  Обвинети с есопствениците , управители, инспектори, градоначалници, бивши министри, државни службеници, членови на обезбедувањето. Но колку ваков голем случај ефективно ќе може да се суди и зошто Обвинителството се реши сите нив да ги обвини за исто дело тешки дела против општата сигурност. Ако се има предвид дека притворот за вакви дела може да трае најмногу една година тогаш судот е под притисок да суди два до три пати неделно за да заврши. Но, за сите дилеми интервју на Снежана Лупевска Созен со Републичкиот Обвинител Љупчо Коцевски.

Емисијата за Пулс, е објавена неколку дена пред почетокот на судењето на 16.11.2025. на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Корупцискиот скандал со проневери преку ИПАРД на опозициските пратенички прашања – обвинувањата се префрлија на собраниска говорница

Дејан Дејан

Села испорача три услови без кои нема да разговара за влез во владата

Дејан Дејан

Првите пет кандидати го пробија мразот со претставување пред комисијата за селекција за нов претседател на ДКСК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе