Македонското вино се извезува сè поскапо. Вредноста расте значително, додека извезените количини се зголемуваат побавно. На странските пазари, до септември годинава, се пласирани нешто повеќе од 30 милиони литри во износ од 45,6 милиони евра.
За споредба, минатата годинина од Македонија е направен извоз во износ од 58,7 милиони евра, слично како и претходните две години, но се забележува дека извезените количини се намалуваат. Состојбите во винската индустрија се тема во најновото издание на „Бизнис објектив“.
