Кога нов ученик по име Сунe доаѓа во одделението на Сунe Андерсон, животот на “оригиналниот” Сунe се превртува наопаку. Новиот Сунe изгледа совршено – е кул, паметен и веднаш му се допаѓа на сите, па дури и на Софи, симпатијата на “нашиот” Сунe. Исплашен дека ќе ја загуби Софи и местото во својот свет, Сунe започнува вистинска битка за својата иднина – и за својот идентитет.
Забавна и трогателна шведска семејна комедија за љубомората, пријателството и што значи да се биде свој.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
