Во првиот натпревар од квалификациите за настап на Европскиот шампионат, македонската женска кошаркарска репрезентација ја совлада Данска со 79:78.
Мерит Хемпе мечот го заврши со 25 поени и шест скока, Илина Селцова постигна 17 поени, Александра Стојановска додаде 15 поени и шест освоени топки под обрачите додека Анџелика Митрашиновиќ впиша 14 поени, 11 асистенции и шест скока.
Следниот натпревар репрезентацијата на Македонија го игра в сабота во Скопје, а противник ни е селекцијата на Грција.
ФОТО: Игор Паневски





















