За време на мировна мисија на Блискиот Исток, тројца млади војници, Ерик, Рој и Томас, се оставени сами да се грижат за себе откако нивното воено возило се расипува среде пустина. Сè повеќе одвоени од реалноста, војниците се обидуваат да останат смирени. Сепак, тие ја губат контролата врз ситуацијата кога го среќаваат 14-годишниот Калил, кој одбива да замине. Се натрупуваат катастрофални настани, а војниците, во потрага по вода, се чувствуваат принудени да го следат момчето на непријателска територија. Нивната параноја полека, но сигурно расте. Каде ги води тој и дали можат воопшто да му веруваат?
БЕЗ ДВОУМЕЊЕ – сабота, 15 ноември 2025 – 22:30
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
