Каде оди економијата и кој го трасира патот? Во свет на постојани промени, економските текови повеќе не се движат според предвидливи правила.
Инфлација, геополитички ризици, дигитална трансформација, климатски предизвици. Сето ова ја обликува глобалната и домашната економија, на еден нов покомплексен начин.
Зад тие трендови стојат луѓе. Визионери, менаџери, претприемачи. Бизнис лидери кои не прашуваат дали има услови туку како да ги создадеме. Токму нивните ставови, одлуки и искуства ги носиме во „Бизнис објектив“.
Ги анализираме економските движења, трендовите и предизвиците во регионот и светот. Зад бројките стојат луѓе, економијата е нивна приказна и наш фокус!
Гледајте „Бизнис објектив“ со Наташа Стојановска на Телма.
