Спорт Формула 1

Мекларен повторно доминантен: Пјастри пред Норис во Шпанија

Оскар Пјастри стигна до петта сезонска победа на трката за Големата награда на Шпанија што денеска се возеше на патеката „Каталуња“ крај Барселона во рамки на Формула 1 шампионатот.

Австралиецот во болидот на Мекларен имаште уште еден доминантен настап и финишираше пред својот тимски колега Ландо Норис. Место на победничкиот подиум како третопласирани имаше и за Шарл Леклер од Ферари.

Џорџ Расел од Мерцедес финишираше на четвртото место. Светскиот шампион Макс Ферстапен иако ја мина целта како петтопласиран, сепак на крајот финишираше на 10.место, бидејќи заработи казна од 10 секунди по контактот со Расел.

Па сега петтото место му припадна на Нико Хулкенберг, а по него следуваат Луис Хамилтон, Исак Хаџар, Пјер Гасли и Фернандо Алонсо.

Пјастри останува лидер во генералниот поредок со 186 бодови, десет повеќе од Норис, додека Ферстапен има 137.

Следната трка во Формула 1 шампионатот, што ќе биде десетта сезонава се вози за Големата награда на Канада на 15.јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трапановски: Со добар тактички пристап против силата и квалитетот на Белгија

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го потврди првото засилување

Дејан Дејан

Ѓорческа ја освои 14-тата титула во кариерата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе