Измени на изборното законодавство се на листата со обврски до јуни од реформската агенда. Имплементацијата на препораките на мисијата на ОДИХР се адресирани, а последната одлука на Уставниот суд за независни листи создава правна празнина која ургентно законодавецот мора да ја регулира. Што е нужниот пакет измени и каков е тој голем консензус што треба да се обезбеди?
Во вечерашната емисија „Вин-Вин“ дебатираа Александар Новакоски, експерт за изборно законодавство и Снежана Калеска-Ванчева, поранешна пратеничка во Собранието.