Вести Македонија Топ вести

Потврдени преку испитувања на три начини, случаите не се поврзани – двајца пациенти со мајмунски сипаници

Два потврдени случаи на мајмунски сипаници, кај двајца мажи на 40 и 44 години и двајцата од Скопје. Според податоците кои ги дале, не патувале надвор од државата и станува збор за неповрзани случаи, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кои веднаш пристапиле кон известување на сите релевантни институции. Двајцата пациенти се испитани на три начини за да се добие потврда дека се работи за мајмунски сипаници, вели Андоновска.

„Во текот на вчерашниот ден од Кожна клиника беа донесени примероци за два пациенти кои беа суспектни за мајмунски сипаници и беше побарано од лабораториите на Институтот, освен за мајмунски сипаници да бидат испитани и за други одредени заболувања ХИВ, херепес, сифилис и слично. Институтот ги испита добиените примероци и од она што ние го утврдивме за сите претходни заболувања двајцата пациенти се негативни, но добивме позитивен резултат за мајмунски сипаници“, изјави д-р Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ. 

Резултатите кои се добиени во ИЈЗ и покрај тоа што станува збор за меѓународно акредитирана лабораторија во текот на денот со помош на СЗО ќе бидат пратени во европската лабораторија во Холандија за потврда на подтипот на мајмунските сипаници. Во меѓувреме, веднаш е пристапено кон епидемиолошки анкети.

„Стапено е во контакт со фамилиите. Во моментов нема потреба да се земаат материјали за испитување, бидејќи немаат никакви симптоми на заболувањето. Се следи состојбата и при развивање на први симптоми ќе бидат земени соодветни материјали за испитување“, изјава д-р Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања.  

Во моментов само еден пациент од двајцата потврдени случаи е хоспитализиран на Инфективната клиника. Според првиот човек на Инфективна, Фадил Цана резултатот за потврдени мајмунски сипаници не коинцидира со клиничката слика кај пациентот, кој е во добра здравствена состојба и негира други симптоми типични за мајмунските сипаници.

„Вториот пациент не се појавил, таа информација ја имаме само од ИЈЗ, но тој не дојде за хоспитализација“, рече д-р Фадил Цана, директор на Инфективна клиника.

За попладнево предведено е да заседава Комисијата за заразни болести. Според Андоновска, во дадениов миг нема простор за паника, затоа што има доволен број на реагенси во Институтот, но за секој случај побарале и дополнителни количини кои треба да пристигнат попладне.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Имам закани по животот – тврди скопската градоначалничка Арсовска откако најде дива сепарација на песок од Вардар во општина Аеродром, на локација која и личи на Амазонија

Дејан Дејан

Два лица загинаа во Скопје, со мотор удриле во бетонски столб

Дејан Дејан

Укинат притворот на Шабан Салиу

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе