Вести Македонија Топ вести

Почеток на нова ера во односите со Македонија – британската Амбасада за договорот на партнерство меѓу Лондон и Скопје

Со потпишувањето на партнерството Влада со Влада се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Северна Македонија, што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст, соопшти Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

„Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергетика и технологија. Ќе може да се потпре на широк спектар на поддршка, вклучувајќи програми за техничка помош и до 5 милијарди фунти поддршка за финансирање проекти во Северна Македонија“, наведуваат од амбасадата.

Потпишанаото партнерство Влада со Влада, како што се посочува, ја нагласува посветеноста на двете земји да соработуваат на клучни инфраструктурни проекти кои обезбедуваат социјални, економски и еколошки придобивки.

„Со искористување на експертизата и иновациите на двете земји, ова партнерство ќе го поттикне развојот на инфраструктура што поттикнува раст и просперитет. Размената на знаење и најдобри практики меѓу нашите две земји ќе биде од централно значење за овој G2G, црпејќи од експертизата во соодветните инфраструктурни области на двете земји. Ова значи дека Владата на Обединетото Кралство и британските бизниси работат во партнерство со Владата на Северна Македонија и нивниот локален синџир на снабдување за реализација на инфраструктурни проекти низ Северна Македонија. Овој пристап ќе генерира взаемни придобивки за двете земји преку споделување на иновации за испорака на отпорна инфраструктура што го поттикнува растот“, се вели во соопштението од Амбасадата на Обединетото Кралство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ноќни клубови и дискотеки на диво организираат забави за скопски матуранти

Дејан Дејан

Најмалку 28 убиени во израелски воздушен напад во Газа по ден од убиствата во Вашингтон

Дејан Дејан

Весна Јаневска: Наша цел е УКИМ да се вброи меѓу 1000 најдобри светски универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе