Вести Економија Топ вести

Бислимовски бара во сметките граѓаните да имаат упатство како сами да ги читаат броилата

Граѓаните во сметките да добиваат упатство како самите да си  ги читаат броилата. Од Регулаторната комисија  сметаат дека за да нема толку многу паушални фактури за струја, во моментов ова е подобра опција, отколку Електродистрибуција да инвестира 10 милион евра и на тој начин да го обезбеди се што им е потребно за месечно отчитување.  Бислимовски смета дека ваквата инвестиција на компанијата може да ја поскапи струјата до 5 отсто. Па затоа предлага парите наместо за ресурси за поредовно читање,  да ги инвестира во паметни броила, нешто што им се налага и со законот за енергетика, а дотогаш да се направи поголема едукација на домаќинствата самите да го прават тоа.

Од Регулаторна ги загрижува и одлуката на Уставниот суд со која се овозможува полесно исклучување на граѓаните од парно греење доколку тоа го сакаат. Велат ќе ја почитуваат но предупреудваат и на последиците од оваа одлука.

Тоа може да донесе зголемен број на исклучени  потрошувачи што ќе влијае негативно на цената за топлинска енергија односно до зголемување на цената за топлинска енергија, а од она што особено се плашам е дека тие што ќе  се исклучат  и понатаму да се греат на електрична  енергија ќе го оптоварат дистрибутивниот систем  на Град Скопје, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

На почетокот од јуни ЕВН ХОУМ треба да го објави и тендерот на кој ЕСМ треба да достави понуда по која цена би ја продавале својата струја за домаќинствата. Таа сега изнесува 62 евра. Бислимовски смета, ако тука нема големи промени не гледа причина за измени во цената на струјата.

Инаку, Електродистрибуција изготви анализа која ја побараа регулаторите, а од која требаше да се види колку пари би им биле потребни за да можат да читаат броилата еднаш во месецот.

Според, пресметката почетната инвестиција би била околу 10 милиони евра за да набават опрема и да обезбедат  кадар, а потоа во секоја наредна година за плати и одржување на опремата ќе се трошат по 7 милиони евра.

Според, Законот за енергетика пак компанијата има рок 7 години да ги замени  постоечките во паметни броила.

И во анализата на Електродистрибуција како предлог стои дека подобро е средствата компанијата да ги искористи за нови паметни броила.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Имам закани по животот – тврди скопската градоначалничка Арсовска откако најде дива сепарација на песок од Вардар во општина Аеродром, на локација која и личи на Амазонија

Дејан Дејан

Два лица загинаа во Скопје, со мотор удриле во бетонски столб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе