Триесетгодишниот Елиас Родригез од Чикаго го призна убиството на двајцата вработени во израелската амбасада во САД, велејќи дека го сторил тоа за Газа, пишува „Еј-Би-Си њуз“.
Нападот се случи кога двајцата вработени во амбасадата на Израел во Вашингтон го напуштале Еврејскиот музеј. Според официјални лица, напаѓачот пукал во нив од непосредна близина.
По пукањето, тој се обидел да влезе во музејот, преправајќи се дека е очевидец, но обезбедувањето го запрело во намерата. За време на испитувањето рекол дека „пукал за Палестина“. Потоа објасни и каде го оставил оружјето по нападот, кое подоцна беше пронајдено и одземено.
Пукање во Вашингтон – убиени двајца вработени во израелската амбасада во САД