Вести Свет Топ вести

Две Швеѓанки физички се пресметувале во Европскиот парламент

Конфликтот меѓу Израел и Хамас се прелеа и во Европскиот парламент (ЕП), каде дошло до „физичка пресметка“ меѓу европратеничка и парламентарна службеничка, и двете од Шведска. Според извори во ЕП, инцидентот се случил кога службеничката наводно ѝ дофрлала забелешки на европратеничката Алис Теодореску Мове околу нејзините ставови поврзани со Израел и војната во Газа, која на тоа возвратила со свои коментари.

Состојбата ескалирала кога службеничката чиј идентитет досега не е објавен, освен тоа дека има потекло од Блискиот Исток, се обидела со својот телефон да ја сними целата ситуацијата, обраќајќи ѝ се на Теодореску Мове со зборовите „Кажи му на светот колку ужасна личност си“. Потоа и европратеничката го извадила телефонот со намера да ја сними службеничката, која се обидела на сила да ѝ го одземе телефонот.

И двете страни поднеле одвоени пријави за случајот до полицијата, додека според извори од ЕП, првичната проценка на снимките „ја потврдува верзијата на европратеничката за настанот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потпишан договорот за соработка со Обединетото кралство, шестте милијарди евра стојат на располагање

Дејан Дејан

Две обвиненија за онкологија против двајца поранешни директори и тројца онколози

Дејан Дејан

Препораките на омбудсманот остануваат само на хартија – институциите не постапуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе