Кредит по поволни услови за Македонија за инвестиции во инфраструктура од кој корист ќе имаат и британски компании. Засега е непознато колкав дел од заемот кој може да достигне до 5 милијарди фунти, или 6 милијарди евра.
Во зависност за што ќе се користат парите, најмалку 30 отсто од секоја инвестиција ќе треба да биде британско учество. На 5 милијарди фунти, тоа се 1,5 милијарди фунти за стоки и услуги од Обединетото Кралство.
Целта на британската владина извозно кредитна агенција „УК експорт фајнанс“ е да им помогне на британските фирми да го зголемат извозот, но финансира и проекти во странство од кои корист ќе имаат и британски фирми.
Србија веќе има ваков аранжман со кредитната агенција на Обединетото Кралство. Моравскиот коридор, односно автопатот од Чачак до Крушевац, го гради Бехтел и Енка, меѓу другото и со британски кредит. Кредитот од 430 милиони евра треба да ѝ донесе на британската економија 150 милиони евра.
Оваа добредојдена поддршка од „УК експорт фајненс“ ќе ѝ овозможи на Бехтел, заедно со нашиот партнер ЕНКА, да го спроведе овој трансформативен инфраструктурен проект користејќи стоки и услуги извезени од Велика Британија, рече директорот на Бехтел, Брендан Бехтел во 2021 година.
За време на посетата на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами на Белград минатиот месец, српскиот министер за финансии Синиша Мали потпиша Меморандум за разбирање со Извозно-кредитната агенција за продолжување на соработката, односно за кредити во инфраструктурата и во енергетиката.
Меѓу успешните приказни на британската извозно кредитна агенција објавени на нивната интернет страница е и финансирањето на електрификацијата на железницата во Турција, во кој проект британски фирми треба да извезуваат челик, цевки и друга опрема.
Оваа агенција меѓу другото финансира и изградба на болница во Ангола од која се очекува британски фирми да заработат до 50 милиони фунти од извоз на стоки и услуги.
Срѓан Стојанчов