Вести Македонија Топ вести

Приведени 4 членови на криминалната група Беланоца-Барон вмешани во две убиства

Приведените биле логистика за убиството на Орхан Бајрами Оки од ривалската група Дуќанџик/Грчец , а се товарат дека го извршиле убиството на албанскиот пејач и блогер Амар Исмани.

Четворица членови на криминалната група Беланоца – Барон се приведени во рамки на предметот под кодно име „Бункер“, откако се извршија претреси на пет локации во Скопје, при што е пронајдено поголемо количество на марихуана, соопштија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тројца од приведените кои станале членови на Беланоца Барон пред две години, всушност биле инвовирални во логистиката за извршување на убиството на Орхан Бајрами Оки на Халкиди на 15 јули 2023 година, кој е еден од лидерите на ривалската криминална група Дуќанџик/Грчец.

„Тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставената организирана криминална група Грчец“, соопштија од ОЈО ГОКК.

За лидер на групата важи Фатљум Ајети – Тоте кој е во затвор.  За убиството е осомничен неговиот соработник Гани Марку, познат и под презимето Туша, кој исто така е зад решетки.  Тие се во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар. А пак шефот на Дуќанџик/Грчец, Шеваљ Муареми е во бегство во Дубаи.

Двајца од приведените се осомничени и дека во мај минатата година во престрелка пред објект на пластичарската улица го убиле пејачот и блогерот Амар Исмани. Осомничените откако извршиле убиство, пукале и во возило кое било паркирано во непосредна близина, во кое бил пејачот, кој подоцна им подлегна на повредите.

При крајот на декември МВР пронајде  бункер на криминалната група во Општина Арачиново, за кој имаше сомнеж дека се користел за засолништа на оружје, пари и опрема за комуникација. Групата Барон – Беланоца е осомничена за најмалку осум убиства,  а се товарат за изнуди и за палење автомобили на затворски чувари кои не соработувале со нив.

Марија Митевска

Обвителството отвори истрага против Гани Туша- осомничен е дека го извршил убиството на Орхан Бајрами во Ханиоти

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе