Вести Свет Топ вести

Безбедносен чадор од 175 милијарди долари – „Златна купола“ ќе го заштитува небото над САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави дизајнот на новиот противракетен систем кој ќе ја заштитува целата територија на САД. Инспириран и делумно моделиран според израелската „Челична купола“, американската „Златна купола“ засекогаш ќе го затвори прашањето за безбедноста на САД, порача Трамп.

„Ќе го имаме најдобриот систем што досега бил изграден. Како што знаете, ние му помогнавме на Израел со нивниот и тој беше многу успешен, но сега имаме технологија што е уште понапредна. Суперсонични ракети, балистички и крстосувачки ракети, сите тие ќе бидат соборени“, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

Станува збор за комплексен систем кој ќе инкорпорира делови изградени на копно, под вода и во вселената, а Трамп тврди дека ќе биде комплетиран до крајот на неговиот мандат.

„Откако ќе биде целосно изградена, „Златната купола“ ќе биде способна да пресретнува проектили, дури и ако бидат лансирани од другата страна на светот, па дури и од вселената“, додаде Трамп.

Целиот проект ќе чини 175 милијарди долари од кои 25 милијарди во новиот буџет веќе се наменети за таа цел.

Американскиот генералштаб сериозно ќе работи на проектот, но експертите предупредуваат дека станува збор за огромен потфат и се сомневаат дека ќе биде завршен за толку кратко време.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Mицкоски причината за испадите на електричната мрежа ги лоцира во фотоволтаиците

Дејан Дејан

(ФОТО)Гала за миленици во Њујорк: Кучињa заблескаа како ѕвезди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе