Чуварите во затворот Почука во Костарика фатија мачка која на себе носела два пакета со дрога.
На телото на мачката биле залепени над 235 грама марихуана, 68 грама кокаин и одредена количина на ризли, објави министерството за правда на Костарика.
Дрогата е запленета, а мачката предадена на Националната служба за здравје на животните.
Веднаш е отпочната истрага која треба да утврди како мачката завршила со дрога на себе и кој е одговорен за обидот на испорака на пратката.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.