И покрај сигналите на отвореност, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД целосно ќе се повлечат од процесот за мир во Украина, доколку нема видлив напредок во преговорите.
„Ова не е моја војна, само се обидувам да помогнам“, изјави Трамп.
Тој ги повтори зборовите на потпретседателот Џеј ди Венс, кој ден претходно изјави дека САД ќе мора да кажат „ова не е наша војна, во случај Русија да не покаже подготвеност за вистински дијалог. Трамп му го соопштил тоа и на рускиот претседател Путин во телефонскиот разговор кој траел околу два часа.
„Да, во мојата глава, но тоа нема да го објавам. Да, дефинитивно имам“, одговори Трамп на прашањето дали има „црвена линија“ поради што би се повлекол од процесот.