Во кочанската болница пристигна тим на лекари од пластична хирургија од Скопје. Седумдесет пациенти се лекуваат со преврски на раните од изгореници. Со 40 пациенти работат само тројца физиотерапевти кои ги добија помагалата како донација од британскиот тим, а попладне во кочанската болница доаѓаат и тим од Штип. Има и недостиг на медицински сестри, вели директорката Кристина Серафимова.
Десетти ден рехабилитација во Кочани. Дарко Лазев се врати од Белград, каде се лекуваше по повредите здобиени во пожарот во Кочани. Тој вели дека има подобрување.