Седум луѓе се убиени во престрелка во мексиканската држава Гванахуато, каде веќе извесно време владее насилство. Нападот се случил на плоштад во градот во централниот дел на земјата.
Полицијата ги пронашла телата на седум мажи и оштетен минибус, како и две пораки поврзани со картелот „Санта Роса де Лима“, една од криминалните организации кои оперираат во регионот.
Државата Гванахуато е индустриски и туристички центар во кој се наоѓаат канцелариите на производители на автомобили како „Мазда“ и „Тојота“.
Гванахуато, исто така, е центар на судири меѓу картелот „Халиско – нова генерација“, вклучен во списокот на САД на терористички организации, и „Санта Роса де Лима“.
Минатата година Гванахуато беше прогласена за мексиканска држава со најмногу убиства – 3.151, што е околу 10,5 проценти од сите убиства во земјата.