Сите главни мобилни оператори во Шпанија престанаа на работат утрово, четири недели по претходниот национален прекин во снабдување со електрична енергија. Водечките мрежи во земјата како Мовистар (Moviestar), Оринџ (Orange), Водафон (Vodafone), Дигимобил (Digimobil) и О2, пишува „Метро“.
Според податоци на интернет страницата Даундетектор, проблемите почнале околу 5 часот утрово. Проблемот влијае врз голем дел од земјата, вклучително и на големите градови како Мадрид, Барселона, Малага, Севилја, Валенсија, Билбао, Мурсија.
Главните проблеми на кои се жалат корисниците се однесуваат на целосно губење сигнал, целосна блокада на мрежата и проблеми со интернетот. Погодени се и дел од линиите на Итниот број 112.
Шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“, потврди дека работи на обновување на услуги по прекинот на телефонските и интернет врски.