Вести Македонија Топ вести

Имаат девет пратеници, го чекаат 10-от – официјализирана пратеничката група на „Вреди“

„Вреди“ денеска ја официјализира пратеничката група на со девет пратеници, а 10-от, како што најави на денешната прес-конференција координаторот Беким Ќоку, се очекува да им се приклучи по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција.

„Денеска сме тука да ја претставиме пратеничката група „Вреди“ која поради случувањата што веќе и се познати на јавноста, бараше повторна потврда и разјаснување за тоа како ќе продолжи како пратеничка група. Тука сме официјално да ве известам дека до денеска пратеничката група на „Вреди“ брои девет члена, додека во наредните денови верувам ќе ни се придружи 10-от член, потоа 11-от, а зошто да не и 14-от и практично со тоа со 10 членови ние сме најголемата албанска албанска пратеничка група во Собранието на Република Северна Македонија. Пратениците кои учествуваат во оваа група се Африм Гаши, координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, Аднан Азири, Мерита Колчи Коџаџику, Имрлије Салиу Фетаи, Саранда Имери Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу“, рече Ќоку.

Потенцира дека го информирале и претседателот на Собранието за членовите на оваа група и побарале нова реконфигурирање на пратеничката група да се одрази и во соодветните работни тела на Собранието. Очекува оваа обврска да се исполни наредните денови.

„Ја користам оваа можност да им се обратам на тие 107.000 гласачи кои го дадоа својот глас за коалицијата „Вреди“ дека ние пратениците овде присутни продолжуваме да остануваме лојални на договорот што го склучивме со нив на 8 мај 2024 година и дека сме доследни и непоколебливи кон програмските определби и изборните ветувања  со кои не овластија да бидеме нивни претставници и претставници на народот“, рече Ќоку.

Упати апел до другите пратеници Албанци, особено на колегите кои го добија мандатот под Коалицијата Влен, да се приклучат на оваа група во, како што рече, овие клучни времиња за земјата за да го спроведат до крај мандатот на оние граѓани кои им ја дадода својата доверба под слоганот „Промените вредат“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието, бидејќи Собранието одлучи врз основа на фалшлива одлука на Судски совет

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Велика Британија ги суспендираше трговските разговори со Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе