Вести Македонија Топ вести

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Професорот Борче Давитковски по управно право во вечерашната Топ Тема го опиша процесот за примената на законот за управни спорови до 2006 година.

„Ние во нашава држава до 2006 година го применувавме законот за управни спорови, односно сојузниот закон на поранешна СФРЈ и согласно уставните амандмани можеше прописите што се противречни на нашиот политички систем да се применуваат. Во тој закон начелото гласеше општа клаузула со негативна енумерација, а тоа значеше дека може да се покрене управен спор против сите акти, освен оние кои се таксативни, односно еднонумерирани за кои не може. Тоа беа акти на Собрание, Влада и претседател на држава. Против тие акти кога се решаваат поединечни случаи избори, именување, укази не беше дозволен Управен суд. Во 2006 година кога за првпат го уведовме управното судство и ставивме одредба дека поради заштита на поединечните права на некој кој конкурирал или го вршел изборот“ рече професорот Давитковски. 

Според Давитковски Уставен суд сосема легитимно ја поништи одлуката на Собранието, бидејќи Собранието одлучило врз основа на фалшлива одлука на Судски совет.

„Тогаш реагиравме ние како катедра дека тоа што го направи Судски совет при гласањето, по првиот кандидат кој доби 12 гласа и го стопира гласањето. И кога дојде во Собранието, тогаш требаше да се стопира одлуката, а не веднаш да ја пушти предлог одлуката на Судски совет“, додава Давитковски.

Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“ изјави дека не е изненадувачка одлуката на Управниот суд.

„Сите сме изненадени од храброста на управните судии да донесат ваква одлука. Меѓутоа ние пред две години кога се одржуваше оваа седница како граѓански сектор, стручна јавност и професорите сите јавно реагиравме дека не е во ред Судскиот совет на ваков начин да предлага кандидати за судии на Уставниот суд и веднаш беа упатени укажувања каде на некој начин погреши Судскиот совет при носењето на оваа одлука. На таа седница беше гласано само за првиот кандидат којшто беше предложен, значи нема ранг листа кога станува збор за кандидати на Уставниот суд од редот на судиите кои доаѓаат. Не се овозможи за другите двајца кандидати кои беа предложени да се гласа на таа седница“ изјави Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Велика Британија ги суспендираше трговските разговори со Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе