Царинската управа до мај оваа година поднела 85 кривични пријави, а 47 од нив се поврзани со криминални дела при увоз на 140 употребувани возила. Штетата по буџетот на државата од ненаплатените давачки при увозот на возилата е 239.000 евра.
Царинската управа открила мрежа во која биле вклучени шпедитери, царински службеници, нотар и полициски службеник кои се обиделе да сокријат давачки при увоз на мерцедес во износ од околу 7.000 евра. Возилото, кое во меѓувреме било продадено со фалсификувана документација, е одземено.