Вести Свет Топ вести

Либералот Тшасковски и десничарот Навроцки во тесна трка во вториот круг – претседателски избори во Полска

Успех на крајната десница во Полска во првиот круг на претседателските избори. Славомир Менцен од радикалната националистичка Конфедерација, според прогнозите, освои 15,4 отсто гласови и се наоѓа на третото место, зад него се најде Гжегож Браун со неочекувани 6,2 отсто гласовите.

Ако официјалните резултати ги потврдат излезните прогнози, вториот круг на 1 јуни ќе биде уште понеизвесен од предизборните анкети, бидејќи кандидатот на владејачката коалиција, проевропскиот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски освои 30,8 отсто гласовите, а неговиот ривал, кандидатот на конзервативните националисти од партијата „Право и Правда“, директорот на Институтот за паметење на народот Карол Навроцки, освои 29,1 отсто.

За вториот круг, поважни од поединечните проценти за кандидатите, според оценките на аналитичарите, се вкупните проценти на гласови на кои може да смета концептот на проевропска Полска, со независно судство и медиуми и силно граѓанско општество, и Полска по углед на Унгарија на премиерот Виктор Орбан.

Проевропските, демократски кандидати во првиот круг освоија 39,7 отсто од гласовите, додека конзервативците од опозициската партија „Право и Правда“ заедно со радикалните националисти и крајната десница освоија 51,5 отсто од гласовите.

Карол Навроцки во првата реакција на изборната прогноза предупреди на опасноста владејачката коалиција на премиерот Доналд Туск да добие монопол на власта во Полска, бидејќи има мнозинство во двата дома на парламентот, а ако Навроцки биде поразен, ќе има и претседател.

„Ова е момент да ја спасиме Полска“, побара Навроцки поддршка од Менцен, а на премиерот Туск му се закани дека ова му е последен момент да обезбеди вториот круг да биде фер.

За време на осумте години додека партијата „Право и Правда“ беше на власт, која го избра Навроцки за свој кандидат и му ја финансира кампањата, иако тој се декларира како независен кандидат, во Полска постоеше токму таков монопол за кој сега Навроцки го обвинува премиерот Туск.

„Право и Правда“ на Јарослав Качински имаше мнозинство во парламентот, а 10 години и претседател – Анджеј Дуда, кого неистомислениците го нарекуваа „претседател пенкало“ бидејќи ги потпишуваше сите реформи и закони што му стигнуваа од неговата партија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДУИ: Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот на национализам

Дејан Дејан

Конзервативците се враќаат на власт во Португалија

Дејан Дејан

Воведена мерка „враќање од граница“ – Германија ја заостри политиката за азил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе