Агресивен облик на рак на простата му е дијагностициран на поранешниот американски претседател, Џо Бајден, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на потврда на неговиот портпарол.
Во веста се додава дека дијагнозата е поставена по откривање на „мал јазол“ на простата на Бајден кој наложуваше „натамошна проценка“. Рак на простата му е дијагностициран во петокот, со метастази на коските.
„Иако ова претставува агресивен облик на болеста, сепак, се чини дека ракот е чувствителен на хормоните што овозможува ефикасно лекување“, наведе портпаролот во соопштението.