Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски е можна само ако делегациите постигнат конкретни договори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој потврди дека Русија и Украина разменуваат барања со услови за прекин на огнот и дека разговорите се во тек, но под затворени врати.
Украинската страна, преку министерот за одбрана Рустем Умеров, соопшти дека се разговарало за можен прекин на огнот, размена на 1.000 заробеници и можност за лидерска средба.
Според шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, двете делегации „во принцип“ се согласиле повторно да се сретнат.