Со позитивна атмосфера против булингот. Во Градскиот парк во Скопје со многу музика и забава во рамките на вториот дел од општествено одгоорната кампања на Макпетол, Крени глас беше испратена гласна порака против врсничкото насилство.
– имајќи предвид дека минатата година поминавме 150 училишта, 620 работилници, 18 илјади деца кои што учествуваа на работилниците, а истите училишта би требало да ги спроведуваат понатаму, верувам дека ги спроведуваат. Оваа година веќе поминавме 15 работилници за родители, се уште не сме завршени, а веќе имаме преку 3.000 учесници кои беа видно задоволни од работилницата. Сметам дека тоа е навистина голем успех. А другиот дел е тоа што секојдневно гледаме дека кампањата ја препознаваат и дека многу повеќе се зборува на темата денеска отколку пред две години кога започнавме.Тоа е доказ за успехот кој што го доживеа оваа кампања. Главната цел беше да ја кренеме свеста за проблемот и повеќе да се зборува за истиот. видовме дека навистина и во јавноста многу повеќе се зборува за проблемот, што е доказ за успехот на кампањата, порача Марија Јосифовска Спасовска член на управен одбор и директор на Макпетрол.
Соодветниот пристап кон жртвите е особено важен вели психологот Деспина Стојановска. Актерот Сашко Коцев, пак со порака дека нема рецепт за борба против булингот, но има многу начини.
– Ми се чини дека не постои дете кое што не слушна за кампањата и дете кое што не размисли за тоа што значи да се крене глас против нешто што не е убаво да се случува. Гледам многу позитивно влијание, гледам убави промени кај огромен број на деца и посакувам така да продолжи, вели психологот Деспиба Стојановска.
– И самиот одзив на луѓето што се овде, самите коментари, самиот одзив на оние средби што ги правиме со родители и со просветни работници, сето тоа ни покажува дека навистина сакаат луѓето за тоа да разговараат и сакаат да го извадат тоа на површина и да го разрешиме тој проблем да биде поубаво, порача актерот Сашко Коцев.
Градскиот парк денеска беше збирно место на децата и нивните родители. Многубројни и сите заедно во еден глас пееја и се забавуваа. Настапја голем бројј личнсоти од јавниот живот, а вистинска забава за децата беа и живите статуи.
АНКЕТА РОДИТЕЛИ
– Па ние имаме мали деца и за жал ние сеуште не можеме да видиме какво е влијанието што го има меѓутоа сепак сметам дека е добро да се зборува за тоа и да едноставно се покрене гласот против врсничкото насилство.
– Ова позитивно влијае и расположени се сите и мислам дека добро влијание ќе има за младината.
– Колку децата уште од мали ги сфатат овие работи дека не треба да има влијание дека не треба да има булинг, што е булинг со тие способности ќе бидат подобри луѓе.
Младите се основата врз која што се гради иднината на секоја држава и во таа насока компанијата презема чекори да за обезбеди децата и учениците да имаат можности за целосно да ги реализираат своите таленти и потенцијали, а врсничкото насилство може да биде пречка за ова и за таа цел им се обезбедува платформа и поддршка во соочувањето со овој пролем.
На вебсајтот „kreniglas.mk“ секој што имал искуство со булингот, има простор анонимно да ја сподели личната приказна.
Симона Петровска