Четири илјади оноколошки прегледи се прават на единственото онколошко одделение во источниот регион. Онкологот, Марија Караколевска забележива дека оваа бројка говори и оти инциденцата на малигни заболувања е во пораст.
Најчести форми на карцином кои ги откриваат кај пациентите се на дојка, бели дробови, простата, а во изминатиот период се почест е и меланомот, карциномот на кожата, што според лекарите најверојатно се должи на недоволната заштита од сончевото зрачење.
-Инциденцата и на млади пациенти, за жал се зголемува, односно се намалува возрасната граница во однос на сите типови на карциноми, не одделни. Меѓутоа, инциденцата да, се зголемува, но и преваленцата. Всушност тоа е бројот на сите заболени. Тоа е така, но во позитивна смисла имаме и напредок во лекувањето и на тој начин имаме и продолжување на животот на овие пациенти„ изјави д-р Марија Караколевска, онколог во штипската Клиничка болница.
Караколевска пелира и за зголемување на свеста кај граѓаните, во врска со скрининг програмите и превентивните прегледи, бидејќи само така болеста ќе се фати во ран стадиум и какошто вели таа излекувањето ќе биде успешно.
-Тука треба да работи примарната здравствена заштита, да се подигне свеста и значењето на скрининг програмите, бидејќи тоа се пограми за да се дијагностицира карциномот, да се фати во најраниот стадиум, кога излекувањето е 90%. Значи во тие 100.000 пациенти, опфатени во скрининг програмата и еден пациент да се фати во ран стадиум е 100% за тој еден пациент„ изјави д-р Караколевска.
Населението мора и здравствено да е едуцирано, за кои се првичните симптоми, кои што би укажувале дека станува збор на некое малигно заболување.
Викторија Јованова