Вести Македонија Топ вести

„Вреди“ преговараат за проширување на пратеничката група, Алијанса обвинуваат дека и сегашната е неделовничка

„Вреди“ нема да останат со девет пратеници, уште четворица ќе им се приклучат, тврди вицепремиерот Изет Меџити, додавајќи дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт. Со дел се преговара да преминат кај нив, а со дел да бидат поддршка за Владата.

„Во моментов владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници и по заминувањето на Таравари. И во албанскиот дел има легитимитет и ист број, и без Таравари имаме 13-14 пратеници“, изјави вицепремиерот.

Меџити соопшти и дека деновиве се во преговори со повеќе политички опции за ресорот здравство по заминувањето на Арбен Таравари и зависно од тоа, ќе дадат нов предлог за министер. И за ова тврди дека се во игра и опозициски партии.За тоа, дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, ќе остане на функцијата, со оглед на тоа дека сè уште не најавил оставка, Меџити одговори дека добро си ја врши работата и се надева дека така и ќе продолжи.

„Вреди„ вчера испратија допис и до Собранието со кој известуваат дека нивната пратеничка група отсега ќе брои девет пратеници, а координатор ќе им биде Беким Ќоку. На ова реагираше досегашниот координатор, Халил Снопче од Алијанса за Албанците, велејќи дека, го прекршиле деловникот со тоа што не се потпишани пратениците  и не го известиле Собранието дека излегуваат од пратеничката група, пред да формираат друга. Очекува Гаши да го врати предметот назад, со упатство како да постапат според деловник. Укажува дека, без тоа известување, во овој вакуум простор, додека петмината пратеници од Алијанса не формираат своја пратеничка група,под името „Вреди“ ќе фигурираат две пратенички групи, што не е дозволиво.

„Таа нова пратеничка група е неделовничка и според тоа, непостоечка. Ние следната недела ќе поснесеме известување дека ја напуштаме пратеничката група на „Вреди“ и ќе формираме нова пратеничка група на Алијанса за Албанците“, изјави Снопче.

Тој не очекува проблеми за името на новата пратеничка група на Алијанса за Албанците да прави Зијадин Села, од причина што неговите пратеници се дел од коалицијата Европски фронт, а судскиот процес не е завршен.Основниот суд во Тетово пресуди дека право на името и печатите на  партијата има Села, но Таравари поднесе жалба и нема намера да отстапи сè до конечната судска одлука.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе