Макпетрол го стави фокусот и го препозна врсничкото насилство затоа што тоа навистина постои. Соодветниот пристап кон жртвите е особено важен вели психологот Деспина Стојановска.
Според актерот Сашко Коцев, кој е дел од оваа општествено одговорна кампања вели дека нема рецепт но има многу начини. Со кампањата „Крени глас“ се споделија многу искуства, а дел од нив се со позитивен исход.
Нивните изјави доаѓаат како најава за утрешниот голем настан што ќе се одржи во Градски парк на Школка што е дел од корпоративната иницијатива на Макпетрол чија цел е подигнување на општествената свест и унапредување на активностите за навремено препознавање и превенција на булингот кај младите.