Вести Свет

Руте – Украина е подготвена за преговори, топката е кај Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во Анкара, изјави дека Украина е подготвена за итен прекин на огнот и почеток на мировни преговори. Според него топката е кај Русија, која како што вели  треба да објасне што прави и со каков тим ќе се појави.

Руте истакна дека благодарение на САД и претседателот Доналд Трамп, постигнат е пробив во ќор-сокакот во кој повеќе од три години се најдоа двете завојувани страни. Руте нагласи и дека Турција има важна улога, но дека напредок ќе има само ако Русија испрати релевантна делегација.

Тој dодаде дека Украинците се подготвени и оцени дека од нивна страна направено е се што треба да се направи и дека сега се очекува Русија да покаже волја за мир. Генералниот секретар на НАТО алијансата вели дека се уште е оптимист оти по денешните средби може да се дојде до пробив во следните неколку недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Планот „А“ за Македонија останува – исполнување на уставните измени

Дејан Дејан

Во странство моментално се лекуваат 15 повредените од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Пратеничката група на „Вреди“ се подели на две и сега ќе брои девет пратеници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе