Вести Свет Топ вести

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Рускиот претседател Владимир Путин не е дел од делегацијата која пристигна во Истанбул на мировни преговори со Украина.  Делегација ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински со уште тројца други функционери, кои тој ги нарече „експерти“.

Но претседателот на Украина Зеленски само што стапна на турско тло од аеродромот во Анкара велејќи дека неговата делегација е составена од личности на највисоко државно ниво, руските делегати ги нарече „статисти“. По што шефот на руската дипломатија го нарече патетичен човек.

  • Во контакт сме со американската страна. Тие, мислам, исто така ќе бидат присутни во Турција на високо ниво. Да видиме. Официјално не го знам нивото на Русите сè уште, но од она што го гледаме, повеќе личи на „статисти“- Володимир Зеленски, претседател на Украина.
  • На почетокот, Зеленски даваше некои изјави барајќи Путин да дојде лично. Тој е патетичен човек – Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи.

А претседателот на САД Трамп иако денеска не отпатува за Турција, од Катар истакна дека таму е државниот секретар Марко Рубио и ако има потреба тој би му се придружил утре.

  • Ќе видиме дали можеме да го прекинеме тоа. Размислував да одам, но е многу тешко поради она што го правиме денес и утре. Но, знаете, ако нешто се случи, ќе одам во петок, ако беше соодветно. Но, во моментов имаме луѓе кои преговараат – Доналд Трамп, претседател на САД.
  • Ќе го кажам ова и ќе го повторам, дека нема воено решение за конфликтот меѓу Русија и Украина. Оваа војна ќе заврши не преку воено решение, туку преку дипломатско – Марко Рубио, државен секретар на САД.

Додека САД се залага за дипломатско решение, аналитичарите сметаат дека Путин не сака прекин на огнот, а постојано успева да го убеди Трамп дека мировните преговори треба да продолжат.

Путин е тој што стои на патот на мирот, изјави од Тирана британскиот премиер Кир Стармер истакнувајќи дека неуспехот да ја прифати понудата за мировни разговори лице в лице со Володимир Зеленски е уште еден доказ дека рускиот претседател „одолговлекува“.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе